СП одбојка: Финска го совлада олимпискиот првак во одбојка
Спортистите од Финска во екипните спортови продолжуваат со изненадувањата. По успешниот настап на кошаркарите на Евробаскет, одбојкарската репрезентација на Финска денеска направи изненадување совладувајќи го олимпискиот шампион Франција со 3:2 во сетови, добивајќи го решавачкиот сет со 15:9 на поени.
На Светското првенство настапуваат 32 репрезентации поделени во осум групи по четири селекции. По две победи досега имаат девет репрезентации, додека во групата А сите селекции имаат по три бодови.
Натпреварите од третото коло од групите се играат во среда и четврток