СП: Пратеникот Мендух Тачи бил дел од вандалски чин доцна синоќа во Тетово

Актуелниот пратеник од политичката партија ДПА, Мендух Тачи доцна синоќа учествувал во вандалски чин во Тетово, пишува Слободен печат.

Денес во 01.50 ч. во СВР-Тетово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ од страна на неколку лица кои се движеле со патнички моторни возила „Голф“ и „Ауди“ црна боја со затемнети стакла, биле одлепувани плакатите, а во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ бил и искршен билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник од политичката партија Алијанса на Албанците.

По преземените мерки, во непосредна близина од страна на полициска патрола возилата се сопрени и при легитимирањето констатирано е дека во патничкото моторно возило „Ауди“ се наоѓа Мендух Тачи (актуелен пратеник од политичката партија ДПА). По извршената консултација со ЈО лицата веднаш се ослободени, а по преземање на соодветни мерки настанот ќе се процесуира по редовна постапка.

Од Слободен печат сепишуваат дека обиделе да стапат во контакт со актуелниот пратеник, но не успеавме да го добиеме.

Back to top button
Close