СП- Скандал на ГАК: Сомнителна смрт на бебе скриена од семејството – педијатарка го реинтубирала 20 минути

Надежно бебе, кое имало шанса за живот, починало на интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, на 1 октомври годинава, а смртта на семејството му била претставена како нешто што не можело да се спречи. Но, документите до кои дојде „Слободен печат“ покажуваат дека внатре во болницата, самата началничка на одделот за интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, ја пријавила педијатарката од одделот, д-р Емилија Бадева дека „нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебет

Директорката на болницата, доктор Ирена Алексиовска Папестиев, откако ја добила оваа пријава, ја отстранила педијатарката од дежурства на одделот за интензивна нега и ја преместила на оддел каде нема реинтубации (на барање на педијатарката). Но, два месеца директорката ги нема известено ниту Министерството за здравство, ниту Државниот здравствен и санитарен инспекторат, ниту Јавното обвинителство за овој предмет во кој началничка на оддел за интензивна нега пријавува докторка од одделот за несоодветно лекување на бебе со смртни последици!

Пред да ја објави оваа сторија, „Слободен печат“ ја имаше неверојатно непријатната улога, на семејството на починатото новороденче да му ги покаже интерните документи од Клиниката за гинекологија и акушерство кои ги добивме од свиркачи, а во кои се наведува сомнежот за негово несоодветно лекување и предизвикување компликации – нешто што на семејството воопшто не му било кажано при исписот на мајката од болница.

-По смртта на син ми, специјализантката ни рече да не го оставаме овој случај така, дека нешто на ГАК не било во ред со лекувањето, се присети таткото на бебето кога зборуваше со нашата редакција. 

Етички, за нашата редакција беше неможно да работиме на објавувањето на оваа сторија знаејќи дека семејството не е запознаено со интерните преписки кои самите сведочат за сомнежи за пропусти во лекувањето кои довеле до смрт на бебето, но и сведочат дека Клиниката не била транспарентна кон семејството, па дури и се обидела да го заташка случајот, односно да го држи зад бројни затворени врати.

Целата сторија на Мирослава Симоновска на Слободен печат.мк

Back to top button
Close