СП во Катар започнува на 21 ноември 2022 година

– ФИФА го објави распоредот за Светското првенство во Катар, кое ќе започне на 21 ноември и ќе трае до 18 декември 2022 година.

За време на групната фаза од натпреварувањето, ќе се играат четири натпревари на ден на турнир на кој ќе учествуваат 32 репрезентации.

Групната фаза ќе трае 12 дена, така што екипите ќе можат да се одморат.

Националните екипи нема да одат на натпреварите по воздушен пат, што ќе биде олеснителна околност за играчите, како и за навивачите, изјави ФИФА.

Првиот натпревар ќе се одигра на 21 ноември на стадионот „Ал Бајт“ со капацитет од 60.000 места, а финалето на стадионот „Лусаил“ на кој можат да се сместат 80.000 луѓе.

Тие два стадиона ќе бидат домаќини на полуфиналето, додека натпреварот за третото место ќе се одигра на 17 декември на стадионот „Калифа“.

Back to top button
Close