Спас на Маврово“ организираше уште еден протест против негрижата на општинските власти

Урбаното дивеење, катастрофалната инфраструктура, бетонизацијата и загадувањето на езерото се само дел од причините кои што денеска ги собра жителите на мавровскиот регион на прптест.

Велат состојбата во регионот е аларманта, доколку ништо не се преземе, еден од најубавите предели во земјава ќе го изгуби и она малку што останало од препознатливиот сјај.Мавровчани побараа мораториум на градбите и носење на Детален урбанистички план.

 

-Градежниот инспекторат од општина, да го спроведе решението за рушење на деветте дивоградби во склоп на радика ресорт. И покрај добиено извршно решение Радика продолжува со градба, да се направи ревизија на сите градби околу мавровско езеро со претставници на иницјативниот одбор на граѓањи и инспектори од иницијативниот одбор. .-велат од – Иницијативен одбор „Спас за Маврово“

-Мораториум да се донесе само, тоа е единствениот спас инаку маврово ќе дојде во колапс кој што никој потоа не ќе може да го реши – вели претседателот на месната заедница- Маврово

Се обидовме да исконтактираме со наведениот ресорт, но сепак не одговорија на нашиот повик.

Маврово е национален парк, но сепак тоа, велат многумина не го почитуваат. А, горлив проблем на граѓаните е тоа што во домовите немаат ниту капка вода иако ги плаќаат сите комуналии редовно. За патиштата велат дека веќе 20 години си ги кршат автомобилите на истите дупки. Но сепак меѓу најголемите болки на жителите е што езерото се уништува пред нивните очи.

-Оваа црква позади мене, во најдобрите денови на мавровското езеро беше покриена со вода речиси до самиот врв, сега езерото, кое беше гордост на овој предел е повлечено стотици метри, загадено е и полно со фекалии, се жалат мавровчани.

Тие бараат сите објекти околу езерото да направат пречистителни станици, а не сметот кој што се создава да го испуштаат во езерото да продолжи да го убива водниот свет.

-Постоечката општина ни направи да не можеме да дојдеме до езеро, бидејќи езерото е загадено, да нема веќе ракови 15 години, рибата доживеа масовен помор. Имаме патна инфраструктура и по која со џип одвај се поминува, за со лесна кола и да не збориме.

Желбата на жителите е Маврово да се одвои од општина Ростуше, бидејќи целиот приход кој што го собира општината се вложува во Ростуше, а со ова темпо велат, од Маврово нема ништо да остане.

Back to top button
Close