Спасени уште два животи: Двајцата пациенти на кои им се трансплантираа бубрези се чувствуваат добро
Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чувствуваат добро, информираше Министерството за здравство.
Дарителот е 40-годишна жена која имала мозочна смрт, а чие семејство одлучило да ги донираат органите. Нејзиното срце вчера почна да чука во градите на 39-годишна жена, а бубрезите ги добиле 44-годишен маж и 30-годишна жена.
„Трансплантацијата беше извршена кај 44-годишен маж, кој беше на хемодијализа и кај 30-годишна жена, која беше на перитонеална дијализа“, велат од Министерството за здравство.
Пациентката што доби ново срце е во стабилна состојба.
Во трансплантацијата учествувале неколку тимови од лекари и медицински лица:
Од Клиника за нефрологија: проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ.
Од Клиниката за урологија: д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплантација на бубрези.
Анестезијата ја воделе: д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска.
Во процесот учествувал и тим од Институт за трансфузиона медицина: проф. д-р Кочо Димитровски и биолозите Персида Кадиева и Симона Караџовска.
Пациентката што ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираше: д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска – национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија.