Спасеновски: Само еднаш досега македонска влада паднала со гласање недоверба

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека во овој момент не може да се каже дали следува расплет или заплет на политичката ситуација.

Напомена дека само еднаш во плуралната историја на Македонија, една влада паднала со гласање недоверба

.-Според случувањата во последниве 48 часа, не можеме да оцениме дали следува расплет или заплет. Првата група аргументи се потезите на опозицијата, а втората група на аргументи е одговорот на владејчката колација. Заев најави политичка борба до четврток. Наспроти позициите на овие две големи партии, тука се важни малите играчи.  Односно малиот број пратеници, односно само минимумот од 61 пратеник кој застана зад Мицкоски. Неблагодарно е да се говори дали ни следува расплет или заплет. Сепак, мора да се напомене дека во нашата плурална историја, само еднаш, вака, паднала Влада со гласање недоверба, односно тоа беше експертската Влада на Кљусев, рече Спасеновски.

Back to top button
Close