„Спасете ги децата“: На протестите во Мјанмар се убиени најмалку 43 деца

Безбедносните сили на Мјанмар во демонстрациите против воениот удар во земјата досега убиле најмалку 43 деца, соопшти невладината организација „Спасете ги децата“.Според оваа органзиација, ситуацијата во Мјанмар е „кошмар“, а најмладата жртва имала само седум години, пренесе Би-Би-Си.

Локалните групи кои ги следат протестите соопштија дека од пучот досега се убиени 536 лица.

Покрај насилните демонстрации и рации, постои опасност од судири меѓу армијата и милицијата во пограничните области.

Немирите во Мјанмар почнаа пред два месеца, кога војската ја презеде контролата врз земјата по изборите во ноември, на кои победи Националната лига за демократија, партијата на соборената и уапсена премиерка Аунг Сан СУ Чи.

Back to top button
Close