Спасов е еден од младите што се врати во Македонија, ќе биде вештак-проценител

Диме Спасов, пoранешниот функциoнер во владата на Никола Груевски кој на 28 години стана министер за труд и социјална политика, се врати од странство повторно да живее во Македонија и да работи како проценител

Како што дознава „Фактор“, Спасов пред неколку месеци повторно се вратил во земјата и пред неколку недели ја основал „Про Солутионс Ассет“ како друштво за проценки и вештачења. Ко-основач е Хана Муминовиќ, роднина на поранешниот пратеник и бизнисмен Рафет Муминовиќ.

Спасов на сакаше да даде изјава за „Фактор“, но како што дознаваме, тој пред неколку години минати во странство, е решен самостојно да се испроба со овој занает во свјата земја, а во тоа би му помогнало искуството како поранешен референт во Акцинерското друштво за стопанисување и изградба на станбени и деловни објекти и како поранешен директор на Агенцијата за Катастар.

Последно што беше напишано за него во медиумите е тоа дека се обидел да менаџира со хотел во Шпанија, што подоцна се испостави како неточна гласина. Дополнителен мотив за неговото враќање се можеби и честите декларации од новата власт дека враќањето на младите во татковината е еден од приоритетите.

Спасов е роден во 1985 година, а од 2006 до 2009 работел како референт за извршување и правни работи во Јавното станбено претпријатие и паралелно студирал. Факултетот го завршува во 2009 година, а веќе во 2010 година го добива првото работно место, ни помалку, ни повеќе туку директор на Агенцијата за млади и спорт. Во тоа време Спасов е и претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, па високо котира во круговите на партијата. Од таа институција во 2010 година добива прекоманда во Министерството за правда како трет човек, односно Државен секретар. Само по десет дена беше објавено дека Диме на почетокот на 2013 година е назначен за директор на скопскиот Катастар. По само пет месеци, на крајот на мај 2013 година, Спасов на своите 28 години станува министер за труд и социјала.

Ексминистерот за труд и социјала во 2016, како што соопшти МВР, со службено возило „туарег“ на Агенцијата за вработување , удри во две возила едноподруго, избега по судирите и бегајќи беше запрен од полициска патрола, а потоа избега додека траеше увидот.
Подоцна на местото на настанот дојде вработен во Министерството за труд и социјала кој тврдеше дека тој возел, но не знаел да им објасни на полицајците што точно се случило. Следниот ден, лажниот возач отиде во полиција и ја повлече изјавата. МВР поднесе три прекршочни пријави против Спасов, тогаш дополнителен заменски министер за труд и социјална политика, за сообраќајната несреќа.

Back to top button
Close