Спасовски: 11 лица од толпата се приведени. Меѓу нив две малолетни лица

Само 11 лица од толпата синоќа завршија во полициска станица, а 47 полицајци во болница, од кои двајца со тешки повреди се згрижени на Клиниката за неврохирургија.

-Двајца од 11-те приведени се малолетни. Секој оној кој удрил на полициец или институција ќе биде најстрого санкциониран, дециден е министерот Спасовски кој пред новинарите не сакаше да открие повеќе сознанија за организаторите на насилничкото и вандалско однесување кои наликува на упадот во собранието од 27 април 2017 година.

-Имаме повеќе информации. Цела структура се занимава со овој дел. Формиран е цел штаб кој ја истражува групата. Вие најдобро знаете кои се тие што ги организираат протесите и што повикуваат на насилство. Не е тајна. Знаеме кои се организатори на протестите тоа е дел од истрагата и тука се работи и тие детали ќе бидат соопштени дополнително, нагласи министерот Спасовски.

Back to top button
Close