Спасовски-Ако постои инспектор кој оддавал информации од истрагата околу Вања, ќе одговара !

Ако постои инспектор кој шири информации за убиствата, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека ќе му побара одговорност. Истрагата се води во Обвинителството, не во медиумите, порача Спасовски за случајот со Вања Ѓорчевска

.

– Кога во истрага сите шпекулации ги изнесуваме во јавноста, може да се влијае на самата истрага. Тоа не е добро. За било каква активност што е нелегална, без разлика дали е инспектор или некој друг, ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто, изјави Спасовски, при посеата на СВР Куманово.

На прашањата на новинарите за повеќе детали за возило на убиениот Жежовски, за тоа од кога е одземено, до кога е користено каде било во меѓувреме, Спасовски посочи дека со поднесување на кривични пријави деталите се разгледуваат во обвинителството.

Тој додаде дека не би можел да сподели повеќе информации, зошто тоа не е добро за истрагата.

Back to top button
Close