Спасовски: Да не се заборави и никогаш да не се повтори „црниот понеделник” во Собранието


На денешен ден пред 10 се случи насилството во македонското Собрание, од народот наречено „црн понеделник”, кога како тогашни опозициски пратеници заедно со новинарите бевме исфрлени од собраниската сала од седницата на чиј дневен ред беше Буџетот, објави на својот профил на Фејсбук, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во објавата тој посочува дека 24 декември е сведоштво за „матрицата на насилството и криминалот, за матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, која кулминираше со тероризам кон државата на 27 април 2017 година”.

– Но, од оваа дистанца 24 декември е и добар индикатор за тектонските промени од тогаш до денес, особено за времето откако раководам со МВР заедно со мојот тим. Полицијата веќе не е заштитник на криминалот, полицијата е сервис на граѓаните, наведува Спасовски.

Тој поосува дека МВР под негово раководство од самиот почеток работи напорно и затоа овој декември „го завршуваме како најбезбедна земја на Западен Балкан”.

– Затоа што испорачавме резултати, нѐ препознаа како кредибилен партнер и лидер во регионот. Затоа што ја етаблиравме македонската полиција како вистински сервис на граѓаните.Затоа што ја вративме довербата на граѓаните во МВР, една од најотворените и најтранспарентни институции, за што сведочат и граѓанските анкети. Според ИРИ, полицијата е во првите три владини институции во кои граѓаните имаат најмногу доверба, потенцира министерот за внатрешни работи во објавата.

Споре него, не помалку важно е шро МВР ја вратило довербата кај меѓународните партнери во нашиот демократски капацитет и во политиките на добро владеење.

– И да, вчера во Собранието беше усвоен државниот Буџет за идната година без влечење и тепање на пратеници. Туку на достоинствен, европски начин. Овој ден нека остане вечен потсетник на едно поинакво минато време на полициска бруталност и автократски режим – тоа е импулсот за уште посилно да се бориме – за слободата на граѓаните, за правото на одлука во свое име, за правото на слободно изразување и известување. Да не се заборави и никогаш да не се повтори тој „црн понеделник”!, додава министерот Спасовски во објавата на Фејсбук.

Back to top button
Close