Во продолжение интегрален текст на прашањето
Третото прашање сакам да го поставам до министерот за транспорт и врски. Се однесува на најновите случувања кои се однесуваат на утврдените дивоградби, да речеме во општина Чаир.
Меѓутоа, тоа не е само случај во една општина. Според најавите, според информациите – особено по случајот во Кочани – постојат многу објекти, дивоградби, за кои се утврдени, издадени решенија и слично, но не се извршени. Навистина сметам дека ова се многу сензитивн

и прашања, во однос на дивоградбите, особено по случувањата во Кочани, бидејќи една од клучните работи е да видиме што и како понатаму.
Дали ќе се решаваат на некаков начин, дали ќе имаме одредено решение?
Знаеме дека беа засегнати и угостителите, бидејќи еден добар дел од тие објекти се издадени со некакви одлуки за времени објекти, урбана опрема итн. Но, сигурно дека постојат и објекти кои се изградени без никаква дозвола, или сè уште се градат без никакви одобренија за градба.
Знаеме дека, сега неколку пати дојде до промени на законското решение – во делот на Законот за градење, токму во делот на издавањето на дозволите.
Имаше промена во која, ако се издаде незаконска дозвола или не се исполнат условите, тој што ја издава ќе носи одговорност – и тоа е така и треба да биде.
Меѓутоа, другата промена е: доколку ги исполнува сите услови апликантот, а не му се издаде дозволата – да нема никаква одговорност од страна на градоначалникот или оној што ги издава.
Моето прашање е конкретно во однос на овие ситуации:
Сега кога знаеме дека дојде до промена на законската регулатива, според која сите државни инспекторати преминаа под надлежност на соодветните министерства, дали – по овие најави и случувања, не мора само генерално за една општина, има одреден план?
Дали Државниот инспекторат за градежништво, под надлежност на министерот, извршил контроли на нови објекти?
Дали постои план што и како ќе се прави во однос на овие градби?
Дали тие градби имаат можност да се легализираат – дали се вклопуваат во деталните планови? Дали ќе се оди кон отстранување на дивоградбите и како тоа би се реализирало?
Мислам дека е добро да знаеме – и ние, и македонската јавност.