Спасовски до Мисајловски: Не се охрабри да ги спротиставиме нашите концепти, го разбирам стравот

Премиерот Оливер Спасовски оцени дека отсуството од второто соочување од страна на неговиот противкандидат во ИЕ 2 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, кој требаше да се случи вечерва, е потврда дека „концептот на опозицијата е режимот”.

-Вечерва сметав дека заедно со Мисајловски ќе бидеме да ги соочиме аргументите на ниво на концепти, тоа што не дојде и на оваа дебата дава за право да констатираме дека продолжување на режимот е нивниот концепт и претходно бегаа од дебата и соочувања и сега тоа го прават” рече Спасовски, на гостување во емисијата „Само вистина” на ТВ Канал 5.

-Има опаѓачки бројки во врска со бројот заболени. Ние сме многу транспарентни, не е променет алгоритмот и таа политика ќе продолжиме да ја водиме, истакна техничкиот премиер и кандидат за пратеник Оливер Спасовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Носиме мерки да помогнеме да не се шири вирусот, потенцираше тој, работиме на свеста на граѓаните за почитување на мерките.

-Немаме основа да носиме драстични рестриктивни мерки. Таквите мерки дадоа резултати, сега мерките се таргетирани. Потребно е почитување на мерките, носење маска и држење дистанца. Лидерот на опозицијата покажа несериозност, Мицкоски одеше во теретана, се забавуваше во ресторан, кога тоа не беше препорачано. Важно е да сме одговорни. Дали ние бевме во теретана или ресторан? Ние сме работно ангажирани и тоа е сосема друго- рече Спасовски во емисијата „Само вистина“.

Кандиднатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајаловски и денеска не се охрабри да дојде на тв дуел, напиша Спасовски на Фејсбук.

-Не се охрабри да ги спротиставиме нашите концепти, нашиот за новата македонска економија и нивниот обнова на режимот! Го разбирам стравот но, ќе го потсетам, од волјата на граѓаните на 15 јули нема да може да избега- напиша техничкиот премиер на Фејсбук.

Владо Мисајаловски и денеска не се охрабри да дојде на тв дуел не се охрабри да ги спротиставиме нашите концепти, нашиот за новата македонска економија и нивниот обнова на режимот!

Го разбирам стравот но, ќе го потсетам, од волјата на граѓаните на 15 јули нема да може да избега! вели Спасовски

Back to top button
Close