Спасовски: Ќе видиме на седница на Влада дали ќе му биде одземено државјанството на Онишченко
Спасовски вели дека се случуваат пропусти, но важно е да има одговорност
Ќе видиме, треба да ги провериме сите аспекти. Ќе разговараме на седница на Влада. Постои постапка и таа не се носи за еден ден, но постојат механизми кои можат да одговорат на предизвиците, рече вечерва во емисијата Клик плус на ТВ 21 министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето дали ќе му биде одземено државјанството на Украинецот Олександр Онишченко кој се наоѓа на црната листа на САД.
Спасовски вели дека се случуваат пропусти, но важно е да има одговорност.
„Многу е важно стратешкото партнерство кое го имаме изминатите 30 години, пред се со САД, да биде сочувано. Пред се, САД премногу вложија во безбедноста на Северна Македонија“,
додаде Спасовски.
Првиот човек на АНБ Виктор Димовски денеска во Собранието информираше дека пропустот во случајот со Онишченко е направен на последното ниво, кое требало да направи меѓународна консултација со партнерите во рамките на НАТО, направило одобрение, меѓутоа потпишало дека не постои ризик без да го направи последниот чекор – потребната консултација со НАТО-партнерите.