Спасовски им врачи благодарници на алпинистите кои учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во просториите на Единицата за брзо распоредување на МВР во Ѓорче Петров додели благодарници за покажаните храброст, пожртвуваност и хуманост на двајца учесници во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец.

Во име на Министерството за внатрешни работи, Спасовски ги додели овие благодарници за исклучителните храброст, пожртвуваност и хуманост на директорот на Националниот парк Шар Планина, Ибрахим Дехари и на алпинистот Надир Мурсели, кои со припадници на МВР учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец.

– Имено, веднаш по добиената пријава во попладневните часови на 08.11.2022 беше организирана спасувачка потрага по двајцата планинари во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово, а Министерството за внатрешни работи се вклучи со тим од три возила и 10 припадници кои учествуваа во спасувањето на еден од планинарите, кој беше пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош и извлекувањето со хеликоптер на МВР на телото на планинарот кој почина од при пад од карпа. Притоа, при реализирање на спасувачката акција беше потешко повреден припадник на Единицата за брзо распоредување и началникот на СВР Тетово, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

На средбата биле разменети и искуства од спасувачки мисии со цел унапредување на ефикасноста во самите постапки при таквите мисии и генерално сите ја потврдиле максимата дека силата е во заедничката брза реакција

Back to top button
Close