Спасовски: Исплативме бонус плати за 2017, 2018 и 2019, ќе ја исплатиме и за 2020 година

– Исплатиме бонус плати за 2017, 2018 и 2019, а до јуни ќе ја исплатиме и за 2020 година, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Сега, посочи тој, првпат се исплаќаат бонус платите на полициските службеници кои што работеле повеќе од 150 часа прекувремена работа во текот на годината.
– Токму по оваа основа, кога МВР не плаќало имавме голем број тужби и МВР трошеше огромни средства да ги плати и прекувремените, но и судските трошоци и камати и сето тоа беше финансиски товар за полицијата, изајви Спасовски.
Спасовски, исто така, посочи дека досега двапати ги зголемуваат по пет проценти платите на сите вработени во МВР и дека има целосна професионализација на полицијата и за тоа имаат стратешки поставени приоритети во МВР.
– За нас е многу важно полицајците да ги исполнувата критериумите. Сакаме да имаме полициски службеници кои ќе бидат гордост на оваа држава. Стандардите се тие, кои се пропишани во делот на полицијата и нема никаква дискриминација тука. Може да учествува само оној што ги исполнува условите, рече Спасовски.
Спасовски очекува иголем одѕив на полицијата во масовното вакцинирање.
– Направивме анкетирање на вработените кој сака да биде вакциниран. Ќе започнеме со оние кои имаат некакви хронични болести. Право на личен избор е вакцинацијата и јас можам само да апелирам дека единствен спас од корона вирусот е вакцината. Сето друго што се шири како теорија на заговор нема да ни помогне. Имате луѓе кои постојано реагираат за мерките, за траењето на пандемијата, но паралелно пишуваат дека нема да се вакцинираат, додаде Спасовски.