Спасовски: Истрагата за случувањата во РЕК Битола се води во ЈО
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки денеска информира дека истрагата за случувањата во РЕК Битола се води во Јавното обвинителство и таму нема нешто што не е доставено и што го имало како информација во МВР, а не е споделено со јавниот обвинител.
Според него, обвинителството располага со сите документи и во секој момент може да издаде наредба за обезбедување нови докази.
– Разбирам дека посоти желба тоа да го прават. Најавија неколку пати во медиумите дека имаме отворено посебна оперативна обработка – објава, што значи секој еден кој е вработен ќе мора да се придржува до законските прописи и тие документи што ги има да ги споделува таму каде што со закон е дозволено. Најавив дека ќе имаме и актуелни припадници на полициски служби и поранешни началници и раководители итн., кои веќе се сомничат и за кои имаме собрано докази. Овие работи не треба да ги драматизираме, тие што прават штета на институцијата е една работа и треба да одговараат заради тоа што го нарушуваат системот и довербата кај граѓаните, изјави министерот Спасовски.