Спасовски итно да ги најде групите кои ги напаѓаат децата од Бутел во автобусите број 57 бара градоначалникот на општината

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, преку социјалните мрежи дека деца од Радишани и Бутел веќе извесен период се жртви на напади кога се враќаат кон дома од центарот на Скопје со автобусот број 57 на ЈСП. Затоа бара министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, итно да реагира.

„Оставив неколку дена се со цел да не предизвикам дополнителна паника. Но после вчерашниот случај кој е дел од низа случаи насилство во автобусот 57-ца, каде веќе извесен период особено во последниов месец на територија на општина Чаир се напаѓаат деца од Радишани и Бутел враќајки се дома од центарот на градот. Чашата е прелиена, како градоначалник на општина Бутел лично од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барам брзо, остро, и без никакво заташкување да реши овој проблем, додека не е предоцна“,

вели Костовски.

Тој најавува дека за неколку дена ќе организира тркалезна маса на која ќе ги повика челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претставници на загрижените родители, со цел од блиску да ја следат ситуацијата и да превенираат додека не е доцна.

За последниот случај за кој Костовски вели дека ја прелил чашата, МВР во денешниот полициски билтен информираше дека синоќа еден час по полноќ привеле пет лица меѓу кои и двајца малолетници. Лицата биле приведени по пријава од четворица родители кои кажале дека нивните малолетни синови биле нападнати во автобусот на територијата на Чаир.

„На 13.11.2022 во 01.10 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Л.Б.(18), Б.М.(19), В.Х.(19) и уште двајца малолетници, сите од Скопје, затоа што Т.Т.(46), И.М. (47), Л.Ѓ. (50) и Т.Ѓ. (43) сите од Скопје пријавиле дека околу 00.40 часот нивните четири малолетни синови во автобус бр.57, во населба Чаир, Скопје на автобуска постојка физички биле нападнати од пријавените. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“,пишува во денешниот билтен од МВР.

Back to top button
Close