Спасовски: Издадени биле 215 пасоши со туѓ идентитет, приведени се девет лица

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва одржа прес конференција на која соопшти дека МВР уапсило криминална група од девет членови кои биле вработени во управната служба на МВР и давале патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет.

215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин добиле патна исправа под туѓ идентитет. Едно лице било посредник меѓу барателите и службените лица.

-Беше утврдено дека станува збор за лица кои се од меѓународни криминални групи, нарко картели, односно лица со висок ризик и лица со потерница под туѓ идентитет, рече Спасовски.

Обвинети се вкупно 10 лица, девет се приведени, a по едно лице се трага.

Back to top button
Close