Спасовски: Лажните дојави за бомби се хибридна закана против која се бориме со сите институции

Министерот Спасовски во интервју за Алсат-М телевизија уште еднаш ги оцени лажните дојави за бомби како монструозен чин на хибридни закани и потенцираше дека многу е важен брз и ефикасен одговор на државата со своите партнери.

„Ние ги започнавме опсежно сите истраги во овој дел, вклучени се сите институции коишто се грижат за националната безбедност и, секако, нашите меѓународни партнери. Во неколку правци одат истрагите. Имаме веќе добри сознанија од каде доаѓаат мејловите, на кој начин се испраќаат итн. Секако дека ќе ни треба и меѓународна правна помош за да можеме да ги потврдиме доказите и тоа е клучно кај вакви хибридни напади – да се обезбедат доказите“, истакна министерот Спасовски.

Спасовски кажа дека полицијата постапувала по протоколи и притоа привела две лица за кои се утврди дека нивните податоци и адреси биле злоупотребени, по што беа ослободени.

„Кога имате индиции тие мора да се испитаат, без разлика која е таа личност, на каква позиција се наоѓа, какви политички, верски и други убедувања има. Тоа е ирелевантно кога станува збор за истрага и кога се работи за безбедноста“, кажа Спасовски

Back to top button
Close