Спасовски: Малолетник е испраќачот на дојавите за бомби во Кавадарци

Откриено е лицето што испраќало лажни дојави за наводно поставени бомби во Кавадарци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во одговор на новинарско прашање, Спасовски рече дека се работи за малолетник.

Во изјава за медиумите, Спасовски рече дека случајот за поставени бомби во Кавадарци е целосно расчистен.

„Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното јавно обвинителство, така што откриен е сторителот и затворен е целиот случај”,информира министерот Спасовски.

Ова е втор официјално потврден случај во кој испраќачот на лажните дојави во земјава е малолетно лице.

На почетокот на месецов малолетник од Скопје доби кривична пријава за сторено кривично дело тероризам поради тоа што испраќал лажни дојави за бомби во неколку средни училишта во Скопје во период од 26.10.2022 до 2.11.2022 година.

Back to top button
Close