Спасовски најавува дека може нема да се менуваат табличките, туку врз нив ќе се ставаат НМК налепници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно носење решение во врска со регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.

Тој укажува дека оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но дека е во тек дебата за начинот на кој ќе биде спроведена, со оглед на бројните реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра. Вели дека се размислува и за друг, поевтин начин, односно за ставање налепници врз постоечките таблици.

„Имаме ние формирано веќе работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со „Макамтранс“ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што впрочем е и со документите и ние мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните“вели министерот Спасовски во интервјуто за Радио Слободна Европа.

 

Back to top button
Close