Спасовски: Најверојатно ќе се прошири истрагата за фалсификувањето пасоши за да се видат сите аспекти

Имаме, истрага која ја водиме повеќе од година, во која се вклучиле нашите стратешки партнери, Интерпол, со кои заеднички работевме на сите тие докажувања во таа постапка и во еден момент во јавност се излегува преку брифирање за одредени теми, јас не можам друго да заклуичам освен дека можеби се работи за саботажа, вели Спасовски гостување на Утрински брифинг.

Прашан дали е нормално две години да трае ваква операција, наведе дека во 2019 година првпат по согледувањата поставиле барање до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, по што откако оттаму им укажале дека не е во нивна надлежност, предметот е однесен во Основното јавно обвинителство Скопје и почнале сите дејствија за обезбедување на потребните докази.

-Има многу мерки кои се спроведени во рамки на истрагата за кои наредби се издадени од страна на обвинител. Која било кривична постапка ја води обвинителот според Законот за кривична постапка и оттаму се добиваат сите мерки. Ние можеме претходно да добиеме оперативни податоци, сознанија, итн, но доколку тие се прибават на начин што е пропишан во закон не може да се користат како докази, појасни Спасовски.

Без оглед на тоа за каква операција се работи, укажа, не секогаш е важно „во првиот момент кога ќе осознаете да прекинете, туку е важно да дојдете до што е можно поголем круг на луѓе кои го правеле тоа, односно да го видиме патот по кој се движи“.

-Заради тоа е и вклучувањето на нашите стратешки партнери и на Интерпол, да видиме каде тие се движат, зошто ги користат овие патни исправи. Тоа е опсежна меѓународна акција, додава министерот.

Внатре во институцијата, дополни, кругот е затворен. Сега ќе одат најверојатно со проширување на истрагата со цел да се согледаат сите други аспекти што се поврзани со овој случај.

-Идејата беше заедно со обвинителот да се реализира акцијата заеднички во другите земји, меѓутоа заради овој обид би рекол на саботажа ние го пресековме тој канал и за среќа е завршена успешно акцијата, додаде министерот за внатрешни работи.

Спасовски синоќа на прес-конференција соопшти дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица вработени во МВР кои ја злоупотребувале својата службена положба и овластувања, со тоа што издавале македонски патни исправи за лица странски државјани, употребувајќи туѓ идентитет на државјани на Република Северна Македонија, кои до моментот на издавањето не поседувале биометрски лични документи. Од овие лица девет се приведени и во текот на денов ќе бидат предадени на надлежното обвинителство и надлежниот суд, а по лицето кое вчера не беше пронајдено во својот дом ќе се трага

Back to top button
Close