Спасовски не даде конкретен одговор дали ќе се кандидира на претстојните претседателски избори

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска не даде конкретен одговор дали планира да се кандидира на претстојните претседателски избори.

– Тоа е партиско прашање, а денеска сме овде во рамки на МВР. На партиски прашања, не можам да одговорам. Ќе одговораме кога ќе дојде моментот, рече Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на полицискиот центар „Ѓорче Петров“ каде што оствари работна средба со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје.

Back to top button
Close