Спасовски не смета дека е одговорен за хаосот со личните документи
Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не смета дека е лично одговорен за хаосот со издавањето на лични документи, пред се патните исправи.
-Сите аспекти на овозможување се овозможени во тој период. Целиот тој период, и Акциски планови и управувачки комитет кој што управувцал со целиот процес, сето тоа, како што е предвидено со позитивните законски прописи, така е постапувано. Апсолутно не може никого вие сами да го натерате да ги извади документите во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година – изјави Спасовски на Телма.
Според него, биле создадени сите предуслови граѓаните на време да ги заменат документите.
-Апсолутно, не сакам да фрлам вина на граѓаните. Меѓутоа, секој еден граѓанин имал можност од 1 јули да започне со промената на личните документи. Сите оние кои поднесе барање за замена на документите, тоа треба да си го направат низ системот на министерството – порача тој.