Спасовски: Нека им служи на чест на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што не го поддржаа Законот за Договорот со Фронтекс

„Се покажа вистинското лажно лице на ВМРО-ДПМНЕ, не гласаа за Договорот со Фронтекс. Не гласаа за првиот Договор со кој македонскиот јазик официјално влегува во ЕУ. ВМРО ДПМНЕ не е само против ЕУ, тие се и против македонски јазик во ЕУ“, критикуваше на прес-конфрененција и пратеникот на СДСМ во Собранието Миле Талески.

Законот за ратификација на Договорот со Фронтекс со 61 глас „за“ денеска беше изгласан во Собранието во рамките на 99 седница, а за време на изјаснувањето во пленарната сала не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициските партии

Ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен кога се ратификуваше првиот Договор со ЕУ потпишан на официјален македонски јазик, без фусноти и без додавки – Договорот со Фронтекс, реагираше на прес-конференција по седницата пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Законот за ратификација на Договорот со Фронтекс со 61 глас „за“ денеска беше изгласан во Собранието во рамките на 99 седница, а за време на изјаснувањето во пленарната сала не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициските партии.

„Се покажа вистинското лажно лице на ВМРО-ДПМНЕ, не гласаа за Договорот со Фронтекс. Не гласаа за првиот Договор со кој македонскиот јазик официјално влегува во ЕУ. ВМРО ДПМНЕ не е само против ЕУ, тие се и против македонски јазик во ЕУ“посочи Талески на прес-конференцијата.

Исто, истакна тој се случи и со гласањето за законите поврзани со иницијативата Отворен Балкан кои обезбедуваат поголема мобилност на работната сила и слободен пазар на труд во трите земји кои ја сочинуваат иницијативата. Законите поврзани со Отворен Балкан исто така беа изгласани денеска со 62 гласа „за“, а во рамките на 84. Седница.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска одново докажаа дека се деструктивци кои работат спротивно на интересите на државата и граѓаните. Откако со месеци лажеа и ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, дека ќе имало асимилација и бугаризација, откако не смогнаа сили да честитаат за потпишувањето на Договорот со Фронтеск на официјален македонски јазик, денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификација на овој Договор“рече пратеникот на СДСМ. Собранието го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Фронтекс

Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, нагласи Талески, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните не се во пленарната сала на Собранието, на своето работно место и не даваат никаков придонес.

„ВМРО-ДПМНЕ се нервозни што не им успеа сценаријата за предвремени избори. Вака, уште долго ќе останат во опозиција“порача Талески.

Критики до опозицијата што денеска не го поддржаа Законот за ратификација на Договорот со Фронтекс преку Фејсбук упати и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е потписник на договорот од македонска страна.

„Благодарност до пратениците кои го поддржаа ратификувањето на првиот договор на македонски јазик (Фронтекс) помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Би сакал да потенцирам дека ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беше присутен на собраниската седница. Фронтекс за нас значи потврда за рамноправноста на македонскиот јазик со другите јазици на ЕУ. Затоа, нека им служи на чест на оние кои одбија да го поддржат успехот на државата за кој изминативе години макотрпно работевме“напиша Спасовски на својот службен фејсбук-профил.

Back to top button
Close