Спасовски: Нема да отстапиме од нашата намера да ги гарантираме мирот и безбедноста на секој граѓанин

Упатувам порака до сите граѓани дека нема да отстапиме од нашата намера да ги гарантираме мирот и безбедноста на секој еден граѓанин на територијата на Република Северна Македонија, рече министерот Оливер Спасовски во интервјуто за Top-news.mk, одговарајќи на прашањето за оперативната акција „Безбеден град”.

-„Безбеден град” е една опсежна оперативна активност која е насочена кон криминалните структури, а со цел да спречиме закани, уцени, продажба на наркотици и оружје и сл. Таа дојде како продолжение на минатогодишниот оперативен план „Безбедно лето” којшто даде видливи резултати, што беше мотив повеќе да ја продолжиме борбата со овие предизвици и со акцијата „Безбеден град”, со која досега се лишени од слобода околу 150 лица. Со оваа активност ќе продолжиме и во наредниот период, за да застанеме на патот на сите оние коишто мислат дека криминалот ќе им се исплати”, рече министерот Спасовски.

Back to top button
Close