Спасовски: Нема напредок без систем во кој правдата ќе функционира неселективно и транспарентно

Овој период носевме тешки одлуки, се соочивме со многу тешки предизвици како Влада, ги доживеавме и најубавите моменти за државата – членството во НАТО, отворањето на преговорите со ЕУ.. Меѓутоа, сепак денес соочени со пандемијата гледаме колку е важно здравствениот систем да функционира и државата да вложува во здравството, во безбедноста, во образованието, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски и носител на листа во ИЕ 2 на коалицијата Можеме на вечерашното гостување на националниот сервис НРТВ.

-Треба да имаме здравствен систем кој ќе одговори на потребите на граѓаните. Во изминатиот период институциите покажаа дека може да функционираат и да одговорат на потребите на граѓаните. Низ цел овој процес ги јакневме и капацитетите на јавното зравство.Почетокот на кризата имавме можност да тестираме 100 – 120 луѓе дневно. Денеска тоа е околу 1500 теста дневна. Но еден дел од справувањето со кризата отпаѓа и на секоја една индивидуа. Ние имавме и потешкотии во функционирањето на оваа Влада која е составена од различни политички субјекти, рече Спасовски.

Тој подвлече дека вложувањето во човечките ресурси е исклучително важно .

-Ако не ги зголемивме платите на лекарите и ако не вработивме 780 лекари и над 1 000 медицински сестри ќе имавме сериозен предизвик со немање кадри. Од вложувањето во инфраструктуарта имаме 30 болници реконструрано или доградено во изминатите 2,5 години, имамме отворено ургентни центри како во болниците во Куманово и во Прилеп. Болница во Струмица започната со градба пред 33 години ние за 2,5 години успеавме да ја завршиме со градба, да ја опремивме за да може да опфати околу 200 000 граѓани. Наредниот период мора да продолжи инвестирањето во здравствените капацитети Оваа борба со коронавирусот ќе продолжи, сепак здравстевниот систем е најважен. и ќе вложуваме во тој систем на јавното здравје и ќе вработуваме лекари и ќе градиме болниции ке купуваме опрема за да може кога е потребно здравстевниот систем да одговори, рече Спасовски.

Тој со забелешка и за опструкциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ која, вели, наместо да помогне во оваа криза тие одмогнаа со избегнување да се потпише заем од СБ од страна на нивната дополнителна заменичка министерка за финансии.

-Секој еден што сака да профитира од оваа криза, дали економски, политички или медиумски, ќе му се удри од глава затоа што животот и здравјето немаат цена, рече Спасовски.

Во делот на образованието посочи дека подготовката за новата учебна година од 1 септември веќе е започната во МОН и таа мора да биде во корелација со препораките на СЗО и нашата Комисија за заразни болести. Во тој дел првенствено мора да се задржиме на здравјето на најмладите.

-Оваа година првпат ни се случи ваква здравствена криза и за брзо време успеавме да го прилагодиме образовниот птроцес преку обезбедување интеренет, на компјутери и таблети за децата кои ги немаат. Имаме определено финансиски средства кои ќе јакнат. Бирото за образование доби задача да подготви план на активности, кој ќе биде усвоен и на кој ќе се придржуваат сите наставници. Посакуваме да има стабилизирање на состојбата и децата да одат на училиште. Тоа е најдобар начин да се пренесе знаењето, вели Спасовски и истакна дека Владата има сериозен план за сите потребни услови за непречен образовен процес

Дел од програмата на СДСМ и коалицијата Можеме, рече Спасовски, е и ред дисциплина и правда и ако не се воспостави систем во кој правдата ќе функционира неселективно и транспарентно тогаш, вели, нема да има напредок на државата. Во однос на бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, рече дека пропусти постојат и тие можат да бидат точно лоцирани и зошто ни се случуваат. Лично не гледа вина ниту кај него ниту кај колетите оти, вели, Минстерството работи според налози од Судот и или Обвинителството.

-Дека постојат структури на режимот во многу институции нема дилема – дали во правосудствпо, обвинителство или медиумите. Тие структури на режимот постојат и сеуште работат против интересите на државата, и во судството, обвинителството, администрацијата така што, размонтирањето на тој режим треба да продолжи понатаму, вели Спасовски.

Според него проектите во Програмата на СДСМ и коалицијата ќе се реализираат, за што оваа Влада и СДСМ, вели, го црпат кредибилитетот од тоа што сите проекти од Планот за живот, вели, веќе се реализирани.

-Кредибилитетот не е дадена доверба еднаш засекогаш туку луѓето бараат нови проекти. Кога станува збор за правда и правниот систем клучна работа за да имаме успех беше носењето на законот за ЈО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа тие кои се спротивставуваа до последен ден против носење на овој закон. Преку такво законско решение нема можности за застарување на кој било предмет, за неповедување постапки.. Мора да имаме силно поставен систем кој што ќе функционира и ќе ги оправдува интерсите на граѓаните и државата. Постојат во државата уште неколку упоришта на режимот кои се затскриваа зад некакви европски пракси со кои што мора да се расчисти, посочи Спасовски најави прочистување на правосуството како еден од приоритетите во Програмата за новиот мандат.

Во делот на успесите во надворешната политика ги посочи Преспанскиот и Договорот за добрососедство кои овозможија исчекор во однос на стратешките приоритети.

-Пред четири години како новинар не смеевте да зборувате, денеска имате слобода `се да кажете. Денес сме членка на НАТО и држава којашто чека почеток на преговорите со ЕУ. Лидерот на опозицијата очекуваше дека нема да има преговарачка рамка и тоа се случи. Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ и тоа е еден од нашите столбови во Прграмата, рече Спасовски и најави затворање на 80 проценти од поглавјата во преговарачкиот процес, за време на претстојниот 4-годишен мандат.

Прашан за реакциите околу употребата на ромскиот јазик Спасовски повторно се обрати на ромски јазик како израз на почит кон граѓаните од ромска националност и упати повик до Ромите.

-Ромите ги повикувам да се соединат против оние кои играат мајтап со ромскиот јазик и ги влечат за уши, рече Спасовски.

Тој упати повик до сите граѓани да отфрлат обнова на режимот и да изберат перспективна иднина.

Да работиме на економскиот раст, да ги јакнеме пријателствата и државата на оди напред, порача Спасовски.

Back to top button
Close