Спасовски: Николов може да зема огромни пари во странство, но реши да направи нешто за Штип

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска ги повика граѓаните на Штип да го изберат Сашко Николов за градоначалник, за, како што рече, Штип да напредува.

-Иако со својата стручност и компетентност може да оди во странство и да зема огромни пари, тој одбра да биде овде во својот град да направи нешто добро за државата, тоа е една голема препорака, тоа е патриотизам – рече Спасовски.

Тој посочи дека има сериозна промена во Штип во изминатите три години – завршени проекти, асфалтирани улици, изградбата на брадата на реката Отиња…

Back to top button
Close