Спасовски: Обезбедивме сигурност за граѓаните и државата и зборуваме за нови иницијативи

 Техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој е носител на кандидатстката листа на коалицијата Можеме во ИЕ 2 денеска го посети Бутел и притоа нагласи дека Владата предводена од неговата партија СДСМ во изминатите три години направи пресврт и од режимски систем, државата сега напредува.

-Треба да продолжиме со нови иницијативи по тој пат, во заштитата на јавното здравје и за брза трасформација и развој на економијата, рече Спасовски.

Членството во НАТО е реализирано како една од стратешките цели на државата, втората стратешка цел – одлука за почеток на преговорите со ЕУ е отпочната.

-Ја покренавме економијата, додека решававме стратешки прашања за државата. Го осигуравме македонски јазик, идентитетот, државата ја осигуравме на светската карта на држави. Ги заштитивме граѓаните и државата во здравствено-економската светска криза од најцрните сценарија – се грижиме за јавното здравје и не дозволивме никој да е оставен без егзистенција. Нашиот концепт е сигурност, рече Спасовски во Бутел.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ рече дека нивниот концепт се лажни вести и конструкции.

Што има на другата страна?! Грабеж на парите на граѓаните, криминал, мрачни времиња, меѓународна изолација, режим. Што ќе речат од ВМРО-ДПМНЕ – ќе го вратиме режимот?! Затоа лажат, вели Спасовски во Бутел

Back to top button
Close