Спасовски: Очекувам да избереме Влада и Парламент со полн капацитет во интерес на здравјето, економијата и интеграциите

За интеграциите во НАТО и ЕУ беа потребни силна политичка волја, визија и лидерство, а режимот за 11 години не успеа да ја придвижи земјата во тој правец, изјави носителот на листата на кандидати за пратеници на колаицијата „Можем“ во ИЕ 2 и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски во вечерашната дебата на Телма.

– ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот не дадоа поддршка на овие процеси и сега не доаѓаат на дебата со што покажуваат дека се враќаат назад, оцени Спасовски.

Тој нагласи дека на овие избори е важно е да се воспостават институциите на системот и тие да бидат функционални.

– Како ќе ги воспоставиме ако нема избори?! Очекувам дека граѓаните ќе бидат на висина на одговорноста и дека ќе имаме доволна излезност што ќе даде легитимитет на новата Влада и на Парламентот коишто се потребни за носење одлуки од здравствен аспекти, заради економијата и европските интеграции, рече Спасовски.

Во врска здравствената ситуација, Спасовски, оцени дека Владата донела навремени и исправни одлуки и дека одлуките што се носат се поврзани исклучиво со заштитата на животот и здравјето на граѓаните.

– Ако има проценка за потреба од рестрикција за граничен влез, тоа ќе го разгледаме на Главиот Кризен Штаб, рече Спасовски, кој повторно ги повика граѓаните во земјава, да ги почитуваат мерките што значат нивна заштита, истакна Спасовски.

Тој порача дека Концептот „Македонија – Едно општество за сите“, нема алтернатива и дека е доста е со национализми и со делби.

– Никој не смее да уценува. Владата се прави врз основа на принципи и програми. Нема концепт за размена на пратеници, ова беше синтагма колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите. Никој не може да забележи на СДСМ за еднаквиот третман кон сите. Треба да дојде квалитетот до израз и одлуката на граѓаните и врз основа на тоа ќе седнеме да разговараме за составот на новата Влада. Но, за нас уцена не е прифатлива, изјави Спасовски во дебатата на ТВ Телма.

Back to top button
Close