Спасовски: Оставката на Рашковски е личен чин, МВР не е нарачател на софтверот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата Само вистина на Канал 5, прашан да ја коментира оставката на Рашковски рече дека таа е личен чин на екс генералниот секретар на владата и дека не би ја коментирал.

„Многу е важна отчетноста и транспарентноста, ние рековме и така работиме, што пишува во неговата оставка не е важно, тоа е негов личен чин, наше е да бидеме транспарентни и одговорни пред граганите“, рече Спасовски.

Тој потврди дека уште на почетокот на аферата Софтвер, МВР соопштила дека набавката на софтверот на Рашковски не е порачана од МВР туку тоа одело преку генералниот секретаријат на владата во времето кога генерален секретар бил Рашковски.

МВР, рече Спасовски, секако дека има потреба од софтвер за контрола и безбедност во сообракајот и дека работат на набавување на софтвер за таа намена, но потенцирапе дека министерството не порачала и не е инволвирана во купувањето на софтверот на Рашковски.

Аферата Софтвер финишираше со денешната писмена оставка на Рашковски адресирана до премиерот Заев кој изјави дека оставката ја прифатил. ОЈО и Антикорупциска ја истражуваат аферата Софтвер како и купувањето скап џип и градењето куќа во Скопско Побожје кои се поврзани со екс генералниот секретар на владата Рашковски.

Back to top button
Close