Спасовски: Палењето на македонското знаме не е само напад на нашиот национален симбол, туку и на вредностите на демократската држава
Палењето на македонското знаме не само напад на нашиот национален симбол, туку и на вредностите на демократската држава, напиша на фејсбук Оливер Спасовски.
-Како пратеник, силно се противам на било каква форма на насилство и нетолеранција и ќе продолжам да се залагам за зачувување на достоинството на сите наши граѓани и национални симболи.
Не смееме да дозволиме да бидеме поделени, туку треба да градиме единство и почит помеѓу сите нас.
Упатувам силен апел до надлежните институции за спроведување на законот, да преземат итни и соодветни мерки за расветлување на овој случај.
Не смееме да дозволиме ваквите акти на провокација да ја нарушат нашата заедничка безбедност и стабилност.
Нашите институции мора да го гарантираат почитувањето на законите и вредностите на демократска Македонија – напиша Спасовски.