Спасовски: Претходната власт смислувала обвинување за наводен атентат на тогашниот премиер Груевски
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска од собраниската говорница откри дека полицијата на крајот од владеењето на претходната власт смислувала обвинување за тоа дека наводно некој сакал да организира атентат над тогашниот премиер Никола Груевски.
– Во Куманово требало да се изврши атентат над Никола Груевски, а во селото Четирце, во некоја плевна, требало да се најде некое оружје, рече Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање.
Спасовски ова го поврза со упадот на специјалците на крајот од 2016 година во домот на кумановскиот началник Стојанче Величковиќ, кој беше назначен од Спасовски како тогашен технички министер за внатрешни работи, коментирајќи дека тоа било креација на болните умови.