Спасовски претстави дел од програмата за нов мандат на СДСМ на „Илинденска“: Нема присилно иселување додека трае корона-кризата

 

Како носител на листата во втората ИЕ, техничкиот премиер прдупреди: „ако не гласаме, нема повисоки плати и пензии, нема поголема социјална поддршка, нема поврат на ДДВ, нема евтина тарифа на струјата, нема домашни платежни картички…

Во Програмата за новиот мандат го гарантираме правото на домување за време на кризата предизвикана од коронавирусот, преку превенција на насилно иселување од домовите поради извршни наплати или активирани хипотеки на лицата кои претрпеле финансиски штети.

За само две години, во период од 2020 до 2022 година ќе изградиме 777 социјални станови со што овозможуваме и кров над глава на ранливите категории граѓани….

Ова се дел од проекциите во изборната Програма на СДСМ, што денеска ги претстави техничкиот премиер Оливер Спасовски, како потпретседател на партијата и носител на листата во втората изборна единица.

„Ова се само некои од мерките во новата Програма на СДСМ, со кои сакам да испратам две пораки: Првата е дека продолжуваме да насочуваме уште повеќе пари кон граѓаните и за потребите на граѓаните. И ова е една од клучните разлики помеѓу коалицијата „Можеме“, предводена од претседателот Заев и режимот на Груевски чијашто продолжена рака е Мицкоски. Тие се борат за обнова на режимот, за да продолжат да ви ги крадат парите.Втората порака е дека токму поради потребата од одговорно водство во периодот што претстои, важно еда излеземе на изборите и да гласаме, за да осигураме уште повеќе пари кај граѓаните за подобар животен стандард, но и функционални и целосно легитимни институции кои, со целосните ингеренции, ќе носат соодветни одлуки за уште подобро справување со здравствено-економската криза“ рече Спасовски.

Ако не гласаме, предупреди Спасовски, нема повисоки плати и пензии, нема поголема социјална поддршка, нема поврат на ДДВ, нема евтина тарифа на струјата, нема домашни платежни картички за граѓаните со ниски примања, за младите, за пензионерите, за стечајците, за невработените – пасивни баратели на работа…

Важно е да излеземе на гласање и да продолжиме по правиот пат, затоа што на спротивната страна од сигурната иднина што ние ја гарантираме на реални основи, е опасноста од криминалното, несериозно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат политички да дестабилизираат, тие и сега ги проблематизираат меѓуетничките односи дома и односите со соседите и со меѓународната заедница, како и евроатланските интеграции и нивната цел е изолација по сите основи, за тие на раат да крадат.Ние бараме мандат да продолжиме со евроатланските интеграции, со коишто ја осигуравме иднината на државата, за да има уште повеќе пари кај граѓаните со новата развојна економија.

Back to top button
Close