Спасовски реагираше на неправилен превод, несоодветна терминологија и нагласи дека договорот со Британија е НИШТОВЕН!

t

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница на која се разгледува и договорот за кредит од Велика Британија, истакна дека документот, како што е преведен на македонски јазик, е ништовен.

– На англиски пишува спогодба, на македонски пишува договор, што е различно. Дополнително, на англиски стои дека потпишал „потпретседател на Република Северна Македонија“, функција која не постои во Македонија, додека на македонски стои дека потпишал заменик-претседател на Владата на РСМ, објасни Спасовски и побара еден час пауза за да се разјаснат овие дилеми.

Back to top button
Close