Спасовски: Реконструиравме 80 полициски објекти и набавивме опрема во вредност од 13 милиони евра

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за Локално потенцираше дека раководство на МВР инвестирало 17 милиони евра за реконструкција на полициски објекти низ државава како и 13 милиони евра за униформи и опрема.

„Со инвестирани 17 милиони евра за реформските процеси на оперативно рамниште, 2023 година ја завршивме со завидна бројка од 80 комплетно реконструирани енергетски ефикасни објекти. Отпочната е реконструкција на Управните служби, како и основни подготовки за отпочнување на активности во Центарот за обука во Идризово. Воедно, можеме да се пофалиме и со уште два нови објекти, најсовремената Форензичка лабораторија на Балканот, во рамки на Одделот за форензички испитувања и новата Полициската станица Аеродром, чија изградба од темел ја отпочнавме”, истакна Спасовски, додавајќи дека 13 милиони евра беа инвестирани во униформи и опрема.

Покрај 80-те реконструирани објекти, во 2023 година биле набавени и нови униформи, чевли и опрема во вкупна вредност од 13 милиони евра.

„Оставам и опремена полиција во која се вложени 13 милиони евра за униформи, чевли и опрема за сите организациони единици во МВР, се обезбедија дрегери и радари со уреди за ноќно снимање, се набавија интервентни, транспортни и возила за справување со нарушен јавен ред и мир, но и пловни објекти, а се изврши и комплетна модернизација на Хеликоптерската единица. Благодарение на набавеното ведро и систем за гаснење пожари, таа само во годината што измина оствари 33 летови, со исфрлени 936 тона вода за гаснење на пожари, а од неодамна, со обезбедената и монтирана медицинска опрема на еден од воздухопловите, овој оддел може да врши транспорт на пациенти по воздушен пат. Воедно, набавивме и 20 интервентни комбиња, за потребите на сите СВР-а, кои се опремени со најнова високософистицирана опрема”, рече Спасовски.

Back to top button
Close