Спасовски: Саботирањето од страна на Чулев и таргетираното тестирање се причини за зголемениот број на заразени

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија 24 наведе неколку причини зошто бројот на заразени од корона вирус во последниве денови е во пораст.

-Една од глзвните причини е тоа што луѓето не ги почитуваа докрај забраните за движење и собири. Некои сметаат дека вирусот не постои, дека не е опасен. А, една од клучните работи е што имаше и неработење и саботирање од министерот за внатрешни работи: јавно се најави дека нема да бидат казнувани оние кои ги прекршуваат мерките. Причина за зголемениот број на дијагностицирани е и тоа што се прави таргетирано и масовно тестирање на семејства кои беа зафатени од приватни средби и ифтарски вечери и од конфекциите во Штип. Тоа масовно тестирање придонесе да се зголемува таа бројка, тоа значи дека завршуваат тестирањата во овие неколку дена и се очекува да падне бројот, вели Спасовски./Фокус

Back to top button
Close