Спасовски : Сите пријавени делегации ќе може достоинствено да чествуваат, не се дозволени собирања во заштитената зона

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во магазинот „360 степени“ на Алсат-М телевизија запрашан околу организацијата на чествувањето на 151 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев потенцираше дека во официјалниот дел на настанот сите делегации кои се пријавени ќе можат да положат цвеќе и да го чествуваат раѓањето на нашиот најголем револуционер и великан Гоце Делчев.

 

Тој појасни во делот околу црквата „Свети Спас“, во зоната на безбедност, односно во делот кој е обезбедуван од полициските службеници, нема да бидат дозволени никакви собирања.

„Не е возможно да се организираат собири во безбедносната зона и да се има било какви активности во моменти кога имаме зголемени тензии. Врз основа на направените безбедносни проценки, врз база на прибирање и размена на информации со безбедносните агенции, како и насоките од седницата на Советот за безбедност, ќе бидат преземени најсоодветни мерки за обезбедување на редот и мирот. За официјалниот дел на чествувањето делегациите мора да бидат пријавени, бидејќи само така можеме да воспоставиме ред и да превентираме било каква активност која ќе значи дејствување спротивно на она што сите го посакуваме. Затоа е направен распоред, имаме воспоставено систем, така што прво ќе бидат официјалните делегации, како што било секогаш досега, а во текот на денот ќе може било кој сака да се поклони. Во текот на официјалниот дел нема да може да има спонтано доаѓање, бидејќи таква е организацијата, поради повисокото ниво на ризик од претходно“, појасни министерот Спасовски

Спасовски потсети дека на досегашните прослави никогаш досега немало вакви тензии какви што сега се креираат, што и е целта на радикалните структури од двете страни на границата, но работата на државата е да воспостави ред и поредок и тоа ќе биде направено.

Како што посочи минстерот Спасовски, и планираниот марш на ВМРО-ДПМНЕ, кој треба да тргне од Белата палата до местото на чествување, е веќе најавен и ќе биде обезбеден, а во заштитената зона, во официјалниот дел, ќе може да влезе само најавената делегација од партијата.

Back to top button
Close