Спасовски: Со измените на КЗ од 2023 најмногу „ќарија“ функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои беа под истрага
За спорните измени на Кривичниот законик од 2023 година, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски смета дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои што беа под истрага, „ќарија“ најмногу. Според него, тоа е клучната работа за која што, како што вели, најмногу се лутат и членовите и поддржувачите на СДСМ.

Пратеникот во емисијата „Само интервју“ истакна дека измените од 2023 година беа „лоша и неразбирлива одлука“.
– Advertisements –
-И ако денеска ме прашате, исто не знам која беше целта во однос на тоа законско решение. Сега враќањето на претходниот член во законот, не се случи и сега имаме некаква модификација. Денеска претседателката гледам дека го потпишала указот, а во суштина треба да имаме нов КЗ. Имаше најава на координација дека ќе стигне во Собрание и новиот КЗ, што за мене беше неразбирливо зошто не можеме закон, кој што беше подготвен целосно во наше време, да биде доставен и да исполниме една од обврските кои што ги имаме. Работите нема да ги вратиме назад, тие направија штета – за жал, минатото и смртта немаат лек. Тоа е една од причините и зошто ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. Не може само додека да дојдете на власт, да критикувате, а две години да немате КЗ и да не преземете ништо, рече, меѓу другото, Спасовски во дебатната емисија.






