Спасовски вети јакнење на претприемачкиот дух и креативноста кај младите

– Носителот на кандидатската листа во Втората изборна единица на коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски попладнево се сретна со млади од Гази Баба пред кои вети јакнење на претприемачкиот дух, иновациите и креативноста кај младите и градење на општество во кое ќе се почитуваат талентите.

– Ве мотивираме да учите, работите и живеете во својата земја со реална поддршка и затоа изборот на коалицијата „Можеме“ на 15 јули е глас за вашата шанса за сигурна европска иднина дома. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаше младите од државата. Тие времиња не смееме да дозволиме да се вратат. Затоа не смееме да останеме дома на 15 јули. Се носи важна одлука и мора сите да излеземе на гласање и да гласаме за број 3 и за младинската сигурна иднина, рече Спасовски.

Осврнувајќи се на младинските политики, Спасовски посочи дека Оператиниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и најави директна поддршка за младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

За проектот „Младинска гаранција“ рече дека земјава е прва држава која не е членка на ЕУ, а го спроведува проектот. Во 2018 година, како што посочи, во проектот биле вклучени 5.266 млади од кои 1.923 се вработени, а лани биле вклучени 20.302 млади од кои 6.036 се вработени. Годинава, заклучно со 30 јуни вклучени се 8.173 лица, од кои 2.431 се вработиле.

Back to top button
Close