Спасовски: Владата формираше тим за организирање превоз на жртвите од автобуската несреќа од Бугарија

 

 Владата формираше тим кој ќе има задача да го организира превозот на жртвите од автобуската несреќа од Бугарија во државата на еден достоинствен начин, информира вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на МРТ 1.

– Клучно за идентификација на телата е обезбедувањето на биолошкиот материјал од страна на роднините на починатите. Тоа е веќе обезбедено за да можат да продолжат со активности. Според проценките на експертите од Северна Македонија и Бугарија, кои што работат во судска медицина се очекува за седум дена да се заврши целосната идентификација. Нашите институциите се во постојана комуникација. МВР има посебен штаб. Како ќе ги добиеме сите информации во однос на тоа како ќе бидеме подготвени за да се изврши преносот на телата тоа ќе го организираме, рече министерот Спасовски.

Тој воедно посочи дека властите во Бугарија темелно работат на случајот и ги споделуваат информациите.

– Важно е да имаме официјални информации потврди за причините и добро е што денеска се објавија првичните наоди за да престанат сите шпекулации во јавноста. Разните шпекулации кој што кружат во Бугарија и Северна Македонија, не се добредојдени за истрагата. Мислам дека прават повеќе штета, нанесуваат некаков момент кој што не е поволен за сите нас, а посебно за Северна Македонија, за граѓаните, а посебно за семејствата. Очекувам дека и понатаму ќе се продолжи детално, за да се утврдат сите факти врз основа на вештачењето и врз основа на тоа што се презема, наведе Спасовски.

Според Спасовски, токму вештачењата и анализите од истрагата ќе ја дадат точната причина за несреќата во Бугарија

Back to top button
Close