Спасовски за Црвенковски: Секој има право да искаже свој став

-Секој има право да искаже свој став – одговори министерот Оливер Спасовски на новинарско прашaње за неговиот став околу вчерашното обраќање до јавноста и неговата одлука да го замрзне членувањето во партијата се додека органите на партијата не се оградат од интервјуто на премиерот Заев за бугарската БГнес.

Спасовски прашан дали тој го подржува или се оградува од Заев и тоа што тој го изјави во интервјуто потсети дека и како влада и како партија се определени на градење пријателски односи со сите, а пред се со соседите.

Спасовски нагласи дека на прес-конференцијата зборува, пред се, како министер за внатрешни работи а после како потпредседател на владеачката СДСМ.

Back to top button
Close