Спасовски за дојавите за бомби: За неколку од случаите се обезбедени докази и се реализирани

МВР не за неколку, туку води истрага за сите од случаите. За неколку од случаите се обезбедени докази и се реализирани, истакна минисерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска во дојавите за бомби во училишта во неколку градови, трговски центри, Меѓународниот аеродром во Скопје и други објекти.

– Имаме докази за дојавите во Скопје, во Кавдарци, за дојавите во Делчево. Работиме и се уште сме на добар пат за уште еден настан за во Скопје да се открие. Во потполност сите служби кои што се во овој дел на борбата против тероризмот, сајбер криминалот, дигиталната форензика, заедно со безбедносните служби со нашите партнерски служби исклучиво сме посветени на овој дел да работи посебен кризен штаб кој што е во овој сегмент, формиран во рамките на МВР. Знаете дека се формираше и посебен оперативен штаб во Владата и таму се преземаат одредени мерки. Меѓутоа таму сигурно ќе дадат информација од Владата во однос на состојбите, рече Спасовски при посетата на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец.

Тој посочи дека во потполност се во функција и на откривачката дејност, меѓутоа и да се работи и во услов на превентива за да бидат заштитени граѓаните.

Back to top button
Close