Спасовски: За третото лице поврзано со убиството на Тот ќе се распише и меѓународна потерница

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  го отфрли сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај, застој во истрагата. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата, во врска со починатиот хрватски ракометар Денис Тот.

Тој најави дека за едното лице по кое се трага и има централен распис, ќе се распише и меѓународна и домашна потерница, а приведени се две лица учесници во настанот. Официјално во МВР нема податок дека ја напуштил државата.

Back to top button
Close