Спасовски: Заев донесе визионерски одлуки, чест ми е што бев дел од тоа раководство на СДСМ

Во изборот на новиот претседател на СДСМ, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за МИА, вели дека претседателот на партијата треба да биде и премиер, бидејќи како што вели, првиот човек на партијата ја има и најголемата одговорност во носењето на одлуките и најдобро може да се носат одлуките што се базираат на исти вредности и во партијата и во владата.

Неговите очекувања се посилен и обединет СДСМ, а тоа вели ќе значи и наметнување нов начин во водењето на партијата, поуспешен од тоа што бил веројатно досега. Истакна дека имало исклучително добро водство од страна на претседателот Зоран Заев, направено е многу за партијата, направено е многу и за државата.

– Многу храбро и многу визионерски одлуки коишто се донесоа и мене ми е и чест и гордост што бев дел од тоа раководство и бев еден од соработниците на претседателот Зоран Заев. Меѓутоа, со не помала верба и во новиот претседател Ковачевски во неговите мудри одлуки за тоа кој ќе биде дел од раководството, кои ќе бидат приоритетите во овој момент за да продолжиме уште посилно. Секако дека најважно ќе биде единството. Најважно ќе биде колку секој од нас ќе даде поддршка во напредокот на партијата,вели Спасовски.

Back to top button
Close