Спасовски: Законот за бранители решава отворено прашање, постапката да продолжи
Ние го поднесовме предлог Законот за бранителите затоа што сметаме дека треба да се затвори ова прашање, што предолго е отворено, каде семејствата на починатите бранители не се обештетени, каде треба да влезат во оваа категорија и оние кои ги дале својот живот во некои незгоди кои се случија, трагедии, како хеликоптерската несреќа итн, вели во интервју за Радио Слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски.
Тој ја обвини власта за двој и аршини во македонското Собрание и неосновано прекинување на законската постапка.
– Не може законско решение за кое се отвора дебата во законодавниот дом да биде предмет за креирање некакви тензии. Напротив, законодавниот дом е местото во коешто треба да ги отвориме сите дебати, да расправаме и да ги затвориме прашањата. Само ако отвораме прашања и дебати вонинституционално може да создадат тензии. Треба да продолжи постапката. Иако гледаме потези кои се влечат со прекинување на постапката за носење на законот. Гледаме дека претседателот на Собранието, Гаши, има двојни стандарди во однос на свикување на седницата. Кога е задолжувањето од Унгарија може да се свика седница на Комисијата, а кога се работи за Законот за бранители тоа не може. Двојство има и во одлучувањето. Постапката треба да продолжи согласно прописите, вели Спасовски.
Спасовски: Кредитот од Унгарија е договорен вонинституционално и не е добар за државата
Кредитот од Унгарија е договорен вонинституционално, сите разговори се водени од опозиција, има сомнежи за корупција и дека парите се всушност кинески, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.
– Ние ги кажавме нашите аргументи зошто сметаме дека ваквото задолжување не е добро. Беше договорено вонинституционално. Вие имате партија и лидер во опозиција кој најавува и преговара дека ќе има одредено задолжување од 1 милијарда евра. Сите разговори и договори се одвиваа вонинституционално. Тоа јасно покажува, ако работите ги правите вонинституционално не се во интерес на државата, рече Спасовски.
Второ, укажувавме и на одредбите кои стојат во делот на провизиите и трошоците кои воопшто не се дефинирани во законскиот текст и можат да бидат од до одредена сума која секако може да биде коруптивна, додава Спасовски.
– Најважно е што сите сомнежи дека тоа се во суштина пари од Кина, кои ги има земено Унгарија и понатаму се пласирани во државата. И во тој аспект, сметаме дека апсолутно ниту е добро, ниту е поволно, ниту ќе допринесе за подобрување на животниот стандард на граѓаните, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.
Спасовски: ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ
ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период и врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничка група, Оливер Спасовски.
Тој потсети на изјавите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е дефакторизирана и дека е минато во македонската политика.
– Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата рекоа дека ДУИ е минато во македонската политика. Дека ДУИ е партијата која за ништо не се прашува и не може да одлучува. Дека тоа е партија која е целосно дефакторизиран и никој нема да ја прашува за ништо. Дел од македонските граѓани дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ. А ние во суштина што имаме после изборите? Со формирање на влада, дури и пред да се формира, веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на државната управа, рече Спасовски.
Вториот пат е гласањето за Законот за локална самоуправа кој треба да се донесе со двотретниско мнозинство, кое е целосно го девастира уставниот поредок во државата. Бидејќи после носење на законско решени со кое вие кажувате дека не треба да има избори како што кажува Уставот туку ние како една елита ќе си утврдиме кога ќе има, дека ќе се одвиваат како со Закон ќе пропишаме, повторно соработка меѓу ДПМНЕ и ДУИ, додаде тој.
– Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на едни добри односи, потенцира Спасовски во интервјуто за Радио слободна Европа.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста