СПЦ се заканува со раскол ако биде признаена МПЦ-ОА
Српската православна црква (СПЦ) се закани дека е можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на МПЦ-ОА.
Во случај да биде повторен преседан каков што направи константинополскиот патријарх Вартоломеј во Украина направи преседан, тоа може да доведе до прекин на евхаристиското општење на СПЦ со Фанар, кажал викарот на патријархот Порфириј, епископот моравички Антониј на меѓународната богословска конференција во Киево-печерската лавра „Соборноста на црквата: богословски, канонски и историски измеренија”, како што беше соопштено на фејсбук-страницата на Центарот за информации на Московската патријаршија во Украина.
МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј, откако повремените разговори за повеќедеценискиот спор со СПЦ не доведоа до позитивен исход.