СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми
Компанијата на милијардерот Илон Маск, СпејсХ (SpaceX), го откажа лансирањето на десеттата мисија на ракетата Старшип (Starship) од Тексас поради технички проблеми на местото на лансирање.
Британските медиуми соопштија дека до доцнењето дојде по серијата претходни неуспеси за време на тестовите годинава, што повторно ги одложи клучните развојни фази за ракетата.
Ракетата „Super Heavy“, висока 70,7 метри, и нејзината горна фаза, висока 52 метри, беа на лансирната рампа во објектот Starbase на СпејсХ додека се полнеа со гориво пред полетувањето.
Меѓутоа, околу 30 минути пред закажаното лансирање, СпејсХ објави на социјалната мрежа X дека лансирањето е одложено поради проблеми на местото на лансирање.
Како и во минатите случаи, компанијата изјави дека се надева дека ќе може да го реши проблемот и повторно денеска да се обиде да го лансира.
Компанијата, исто така, изјави дека се надева дека Старшип ќе биде подготвен за мисии што вклучуваат слетување на Месечината, поддржано од НАСА, најверојатно во 2027 година